Пауло Суса е нов тренер на Бордо

Пауло Суса во следните четири години ќе го предводи Бордо доколку носи добри резултати со тимот. Португалскиот стратег вчера потпиша четиригодишен договор со францускиот клуб, кој се надева дека со овој ангажман конечно го најде вистинскиот човек.

Суса е четврти тренер на Бордо само во оваа сезона, откако претходно отказ доби Густаво Поје, потоа и Рикардо Гомес, а Ерик Беду беше в.д. во два наврати додека не се најде адекватната замена.

Португалскиот стратег за првпат во кариерата добива шанса да раководи со еден тим во Франција, а претходно своето искуство го стекнуваше во Англија, Швајцарија, Израел, Унгарија и Италија, додека до ноември минатата година беше тренер на кинески Тијанжин Куанжин.

Бордо по 27 меча во Лига 1 се наоѓа на 13-тото место со 32 бода, а вечерва во 20 часот гостуваат кај Монако во рамки од 28-то коло.

- Оглас -

Најнови вести