Паузата помеѓу двете сезони во Премиер лигата, може да биде само две недели?

Клубовите од англиската Премиер лига веќе биле информирани и предупредени дека може да се случи да имаат на располагање само две недели пауза меѓу двете сезони, пишуваат некои британски медиуми. Новата сезона треба да почне на 8 август, а уште не е јасно кога ќе биде продолжена актуелната сезона, од која тимовите треба да изиграат уште по девет или десет меча.

Според информациите, идејата е првенството да продолжи на стартот на јуни. Ако се остварат овие прогнози, сезоната ќе заврши во средината на јули и нема да има проблем за клубовите. Но, има и едно полошо сценарио. Доколку двобоите продолжат кон крајот на јуни, сезоната би траела до првите денови од август.

При втората опција, стартот на новата сезона ќе мора да биде одложен, но паузата би била само две недели. Екипите нема да имаат потреба од класични претсезонски подготовки бидејќи играчите веќе би биле влезени во ритам. Најголем проблем ќе бидат мускулните повреди, предизвикани од напор, а преодниот рок речиси сигурно нема да заврши во август како досега, туку ќе трае до крајот на јануари.

- Оглас -

Најнови вести