Павков не беше доволен, Винд со „паненка“ спречи славје на Ѕвезда (видео)

Црвена ѕвезда ремизираше со 1-1 против Копенхаген во првиот дуел од двомечот во третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Црвено-белите сами се казнија по тешко изборената предност и им дозволија на Данците да останат непоразени со погодок од белата точка во завршницата од средбата.

Српскиот шампион поведе пред паузата со голот на Милан Павков, но гостите најдоа начин како да ја затресат мрежата на Борјан. Непотребниот прекршок на Јованчиќ му даде шанса на Винд да изедначи во 83-тата минута, а овој го надмудри голманот на Ѕвезда со „паненка“.

https://www.youtube.com/watch?v=jDDP2JcWviw

https://www.youtube.com/watch?v=tM1i0k9THcs

Претходно белгискиот шампион Клуб Бриж на домашен терен славеше против Динамо Киев со минимални 1-0, благодарение на реализираниот пенал на Ванакен во 37-та минута.

- Оглас -

Најнови вести