Паволети со два гола за пресврт на Каљари

Леонардо Паволети со два гола во второто полувреме, му донесе триумф на Каљари над Парма од 2:1 во првиот од двата денешни мечеви во Серија А. Ова е важна победа за островјаните во битката за опстанок, и нивен прв триумф во 2019 година.

Паволети за првпат по ноември 2017 година, даде гол со шут со десна нога. Оваа сезона Паволети има дадено осум гола, од кои шест се на домашен терен.

Стрелец на водечкиот гол за Парма беше Јурај Куцка кој даде гол во Серија А за првпат после 727 дена. Во финишот, на мечот, домашните останаа и со играч помалку откако два жолти картони доби Жоао Педро.

- Оглас -

Најнови вести