Педро е супер-резерва на Лацио, римските Орли доминираа против Монца (Видео)

Лацио ја разби Монца со 5-1 во нерамноправен меч на кој доминираа домашните, кои сега со новите три бода се четврти на табелата во Серија А.

Голеадата ја отвори Марушиќ, а потоа Шпанецот Педро кој влезе во игра на местото на Диа, постигна два гола. Стрелци беа и Кастелјанос и Деле Баширу. Монца која е последна на табелата, даде гол од својот единствен шут и тоа во 86-та минута.

Во првото полувреме, Лацио имаше 16, а Монца ниту еден шут кон голот, што покажува дека Орлите беа далеку подобар тим.

После два порази по ред, Каљари им се врати на победите, тимот од Сардинија извојува значаен триумф од 2-1 против Парма која е во опасната зона и сега Каљари има четири бода повеќе.

Ова е голот на Педро по убавата акција со која Лацио поведе 4-0:

 

- Оглас -

Најнови вести