Елфрид Пејтон нанижа три десетки, во поени, скокови и асистенции, доволно за трипл-дабл и е прв кошаркар во новиот милениум со двоцифрен учинок во три категории на првиот меч во сезоната за нов клуб.
Пејтон летоска се пресели од Феникс санс во Њу Орлеанс и во дебитантскиот меч против Хјустон забележа по 10 поени, скокови и асистенции. Њу Орлеанс го декласира Хјустон на гостински терен со 131:112.
Пред Елфрид последен со трипл-дабл во деби меч за нов клуб забележа Луис Лојд од Хјустон во 1983 година, откако истата година кај ракетите дојде од Голден стејт вориорс.