Ватерполистите на Шпанија првпат во својата историја успеаја да стигнат во трофејот од Европското првенство откако во финалето вечерва го совладаа домаќинот Хрватска со 11-10.
„Коцкестите“ беа многу блиску до одбрана на трофејот, но Шпанците имаа пеколен финиш и откако ја добија последната четвртина со 3-0, се искачија на врвот на Европа.
Хрватска имаше сè во свои раце, три четвртини доминираше и имаше предност, но во последниот период како да дојде до опуштање или можеби предвреме започнаа да го слават трофејот, а тоа ги чинеше и пораз од големиот ривал.
Репрезентацијата на Италија дојде до бронзата, откако во дуелот за третото место ја совлада Унгарија со 12-7.