Пеколна е ждрепката за Ѓоковиќ, но ако Ноле стигне до титулата ќе сруши три рекорди

Организаторот на Мастерс серијата во Париз денеска ја направи ждрепката за турнирот на кој ќе игра и најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, Србинот два месеци паузираше, а овој турнир ќе биде прв за него по финалето на САД Опен, кога загуби од Данил Медведев.

Турнирот се игра од 1 до 7 ноември во француската престолнина, а ждрепката одлучи Новак да биде слободен во првото коло, а во второто ќе го дочека подобриот од дуелот Мартон Фучовиќ и Фабио Фоњини. Ако Србинот победи, во третото коло ќе игра или со Андреј Рубљов или Камерон Нори, двајца тенисери кои се најопасни во оваа фаза на турнирот.

Во полуфиналето, Ѓоковиќ може да го добие Стефанос Циципас, додека потенцијален противник во евентуалното финале може да му биде Данил Медведев или Александер Зверев.

Турнирот во Париз ќе биде голем предизвик за Новак затоа што со евентуална победа и совојување на трофејот, ќе сруши три рекорди. Ако успее да го освои трофејот, тоа ќе биде рекорден 37 трофеј на ваквите турнири. Засега Ноле и Надал се израмнети во оваа категорија со 36 успеси. Овие двајца тенисери се израмнети и по бројот на финалиња на мастерс турнирите, вкупно по 52, што значи дека Србинот може и овој рекорд да го сруши.

Со евентуална победа на турнирот во Париз, Ѓоковиќ сигурно ќе ја задрши пол позицијата на АТП листата до крајот на годината и тоа би било седма година во која би бил број 1 во светот на крајот од сезоната. Засега со по шест години како број 1 на АТП, Ноле е на делба на првото место со Пит Сампрас.

 

- Оглас -

Најнови вести