Пеколна група за ракометарите, ќе играат против домаќинот и најдобрата репрезентација во последните 20 години (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија доби пеколно тешка група на Европското првенство кое ќе се игра на почетокот од идната година.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров се најдоа во групата А заедно со домаќинот Германија и најдобрата репрезентација во последните 20 години, Франција, кои заедно со Данска се главните фаворити за триумф. Од последниот шешир, во групата А се најде и селекцијата на Швајцарија.

Ракометарите во првите две кола ќе играат против фаворитите, во првиот меч Црвено-жолтите ќе играат против Франција, а во второто коло против Германија. Во последното коло, Македонија ќе игра со Швајцарија.

Интересна е и групата Ц, каде што се наоѓаат селекциите на Србија и Црна Гора, заедно со Исланд и Унгарија.
Хрватска е во групата Б заедно со Шпанија, Австрија и Романија, а противникот на Македонија од квалификациите, селекцијата на Португалија ќе игра во групата Ф заедно со Данска, Чешка и Грција.

Европското првенство ќе се игра во Германија од 10 до 28 јануари 2024 година.

- Оглас -

Најнови вести