Пеколна ждрепка за Ѓоковиќ на Мастерсот во Монте Карло

Мастерс тенискиот турнир во Монте Карло започнува денес и ќе трае се до 16-ти Април. Титулата ќе ја брани Стефанос Циципас, кој победи на последните две изданија од турнирот, но голем фаворит е и Новак Ѓоковиќ кој победи во кнежеството во 2013-тата и 2015-тата година.

Србинот ќе биде слободен во 1. коло, додека во второто ќе игра против победникот од дуелот Накашима – МекДоналд. Можни противници во осмина-финалето се Мусети и Кицмановиќ, но вистинскиот пекол започнува веќе во четврт-финалето.

Тука веќе го чека дуел со одличниот италијанец, Јаник Синер. Евентуално полуфинале за Ѓоковиќ ќе му донесе дуел против Медведев или Зверев. Во финалето можни противници од другата страна на “костурот“ за најдобриот светски тенисер ќе му бидат Циципас, Руд или Рубљев.

Големо олеснување за Ѓоковиќ ќе биде и повредата на Карлос Алкараз, а во Монако нема да настапи ниту Рафаел Надал.

- Оглас -

Најнови вести