26.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Пеколни 22 дена за Милан

На денешната ждрепка во Лигата на Европа, Милан за противник во осминафиналето го доби Манчестер јунајтед. Дефинитивно ќе биде највозбудлив двомечот меѓу седумкратниот и трикратниот европски првак, меѓутоа двата дуели против Ѓаволите го дополнија веќе пеколниот распоред на екипата.

Во 22 дена, Милан ќе одигра дури седум натпревари, што ќе биде голем тест за шампионските амбиции на Стефано Пиоли и неговите фудбалери.

Во недела (28 февруари) Милан гостува на „Олимпико“ во дербито против Рома, потоа следуваат дуели со Удинезе на Илија Несторовски на 3 март. Четири дена подоцна следува мечот против Верона на гости, додека за 11 март е предвиден првиот натпревар против Јунајтед.

Следното лигашко дерби, овојпат против Наполи на „Сан Сиро“, Милан ќе го игра на 14 март, додека на 18 март е закажан возвратниот дуел против Манчестер јунајтед, за само три дена подоцна следува мечот против Фиорентина.

Милан тука ќе покажи дали е за големи нешта, односно ќе биде познато дали сезоната за Росонерите ќе биде успешна, или пак заборавна.

По 23 кола, Милан е на второто место на табелата во Серија А со 49 бода, четири помалку од лидерот Интер, односно четири бода повеќе од актуелниот првак Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести