Пеколни се условите во затворот во кој Робињо треба да помине девет години (Фото)

Некогашниот бразилски фудбалер Робињо го чекаат лоши денови и години. Некогашниот голгетер треба да помине девет години во затвор во родната земја и тоа поради престап направен во Италија.

Робињо беше осуден на девет години затвор во Италија поради силување на една девојка во ноќен клуб во Милано. За време на судењето Бразилецот не беше во Италија, туку се врати во родната земја, па очекуваше дека ќе биде сигурен, затоа што овие две земји немаат потпишано споразумен договор за екстрадиција на затвореници.

Сепак, Италија побара од Бразил Робињо да биде уапсен и во родната земја да ја одлежи казната. Судот во бразил го прифати ова барање на Италија, па Робињо беше уапсен и сега се чека негов транспорт во затворот во Пернамбуко.

Затворот во овој град е еден од најозогласените и најопасни со минимални човечки услови за живот.

Овој затвор е дом на тешки криминалци, наркобосови, силувачи, убијци. Овој затвор е познат и по инцидентот од 2016 година кога затвореници со експлозив срушија еден ѕид и повеќе од 100 затвореници успеаа да избегаат.

За тоа како изгледаат условите во бразилските затвори може да видите на видеото.

- Оглас -

Најнови вести