Пеколниот дерби викенд во Солун заврши фатално за бугарски навивач на Арис

Бугарски навивач на грчкиот клуб Арис бил прегазен со автомобил од симпатизери на ПАОК, во пеколниот викенд за неколку луѓе кои од Пловдив допатувале во Солун викендов, за двете големи дербија на големите грчки ривали.

Се играше и фудбалски меч меѓу Арис и ПАОК во саботата и кошаркарско дерби меѓу двата ривали, кои не се трпат, следниот ден.

Настраданиот бугарски фан на Арис бил вклештен од навивачи на ПАОК и прегазен со автомобил, па му немало спас, а уште двајца симпатизери на познатиот грчки клуб се повредени.

Тие веднаш биле префрлени во болница по судирот со 20-на навивачи на ПАОК, но за 28-годишниот човек од Пловидв немало спас и констатирана е смрт.

Арис го победи ПАОК со 4:2 во фудбалскиот меч, а потоа „црно-белите“ од Солун се реваншираа со кошаркарска победа од 101:84 во меч што се одигра денеска од 16.45 часот.

- Оглас -

Најнови вести