Пеколните температури може да го одложат стартот во Серија А

Високите температури кои ја зафатија цела Европа создаваат проблеми во сите сфери од живеењето. Еден од проблемите кои се појавија е стартот на фудбалското првенство во Италија.

Претседателот на Серија А, Лоренцо Казини размислува да го пролонгира стартот на новото првенство. Во Италија најчесто шампионатот започнува на крајот на август или почетокот на септември, но оваа сезона стартот е закажан за 13 август.

Толку рано Серија А никогаш не стартувала токму поради жешкото време во тој период, а тоа што е уште полошо е дека оваа година пеколните температури се како никогаш досега.

„Нашата прва грижа е климата, бидејќи доколку продолжат сегашните температури ќе биде многу тешко да се започне сезоната на 13 август. Ќе биде невообичаена сезона поради паузата од Светското првенство“, изјави Казини при посетата на седиштето на Удинезе.

- Оглас -

Најнови вести