Пеле речиси цела недела е во болница, но здравјето не му е загрозено

Бразилската фудбалска икона Пеле веќе шест дена е во болница поради непознати причини, но неговиот бизнис-менаџер тврди дека нема причини за грижа.

Пеле минатата недела бил на рутински преглед во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло, по што бил задржан од засега непознати причини. Неколку медиуми тврдеа дека му се слошило и загубил свест, но самиот Пеле набрзо ја демантираше лажната вест преку социјалните мрежи.

Она што може да се потврди е дека 80-годишната легенда не е болна, здравјето не ѝ е загрозено: Пеле не бил во можност порано да ги изврши редовите прегледи затоа што болницата била преокупирана со заболени лица од корона-вирусот.

- Оглас -

Најнови вести