Пеле со отворено писмо до Марадона: Веќе седум дена како нè напушти…

Блазилската икона Пеле со отворено писмо се обрати до починатиот Диего Марадона седум дена по смртта на аргентинскиот фудбалски гениј кој почина на 60 години.

Пеле и Марадона низ годините беа двајцата најспоредувани фудбалери и до денес се води „битка“ меѓу фудбалските фанатици околу тоа кој е најдобриот на сите времиња. Пеле би сакал од сега таа споредба да престане бидејќи Диего е неспоредлив.

„Изминаа седум дена откако нè напушти. Многу луѓе обожуваа да нè споредуваат. Ти беше гениј кој го маѓепска светот. Магионичар со топката крај своите нозе. Но, повеќе од сè, за мене ти секогаш ќе бидеш драг пријател со големо срце. Знам дека светот би бил подобро место доколку нашите споредби ги оставеа на страна и се фокусираа на тоа да нè ценат за тоа што го правевме на терените. Затоа, сакам да ти кажам дека ти си неспоредлив. Твоето патешествие беше базирано на искреност. На свој уникатен начин, нè научи дека треба почесто да кажуваме „те сакам“. Твоето брзо заминување ми оневозможи лично да ти кажам дека те сакам, па затоа ќе ти напишам: Те сакам, Диего. Мој драг пријателе, ти благодарам за целата наша авантура. Еден ден, во рајот, ќе играме заедно јас и ти. Тоа ќе биде првпат да ги кренам рацете славејќи победа на теренот без да дадам гол. Ќе биде бидејќи ќе можам повторно да те прегрнам“, пишува Пеле во писмото до Марадона.

- Оглас -

Најнови вести