Пеле со трогателни зборови му честиташе на Меси за рекордот

Фудбалската легенда Пеле, му честиташе на Лионел Меси за изедначувањето на неговиот рекорд по број на голови за само еден клуб. Пеле за Сантош и Меси за Барселона имаат дадено по 643 гола и тоа е светски рекорд.

Аргентинската суперѕвезда денеска против Валенсија го израмни рекордот на Бразилецот, па и Пеле се јави.

„Кога срцето ти се прелива од љубов, тешко е да го смениш патот. Исто како тебе, знам како е сакаш да носиш ист дрес секој ден. Како тебе, знам дека нема ништо подобро од местото во кое се чувствуваме како дома. Честитки за историскиот рекорд, Лионел. Пред се, честитки за феноменалната кариера во Барселона. Приказните како нашите, за толку долга љубов кон еден клуб, за жал ќе се среќаваат сè поретко во фудбалот. Ти се восхитувам“ – напиша Пеле.

- Оглас -

Најнови вести