Пеликаните конечно успеаја да надлетаат некого: Стоп за серијата од 13 порази (видео)

Њу Орлеанс пеликанс конечно ја прекинаа низата од 13 порази по успешното гостување во Минесота. Пеликаните ги совладаа Тимбервулвс со 107:99 и ја остварија само седмата победа сезонава по одиграни 29 натпревари.

Пеликанс за првпат по подолго време одиграа меч кој го контролираа резултатски од самиот почеток. Речиси цела средба гостите имаа двоцифрена предност, а знаејќи дека и Минесота е во кризен период, од нив не се очекуваше ниту евентуален пресврт.

Брендон Инграм се истакна како клучен играч за Пеликанс во триумфот, реализира високи 34 поени надополнети со шест скока и пет асистенции, а добра партија имаше и неговиот соиграч Џру Холидеј со 18 поени. За Волците расположен беше Вигинс со 27 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=wDNYIVPucVE

Бостон го доби дербито на ноќта против Далас со конечни 109:103. Келтите по пауза од две години конечно славеа во Тексас, во дуел против Маверикс, а триото Вокер-Браун-Тејтум се погрижи за екипата да се врати во победнички колосек по два врзани порази.

Далас без Дончиќ не можеше многу да направи, иако до почетокот на последната четвртина Маверикс добро се држеа.

Вокер беше најефикасен со 32 поени, Браун додаде 26, а Тејтум заврши со два поени помалку во 18-тиот триумф на Бостон, додека во редовите на Далас најефикасен беше Порзингис со дабл-дабл од 23 поени и 13 скока.

Останати резултати од НБА лигата:

Кливленд кавалирс – Шарлот хорнетс 100:98

Детроит пистонс – Торонто репторс 99:112

Филаделфија севентисиксерс – Мајами хит 104:108

Вашингтон визардс – Чикаго булс 109:110 (на продолженија)

Оклахома сити тандер – Мемфис гризлис 126:122

Денвер нагетс – Орландо меџик 113:104

Портланд трејлблејзерс – Голден стејт вориорс 122:112

 

- Оглас -

Најнови вести