Пелистер е фаворит да го победи Татран, но молбата од домаќините е да добијат поддршка од Чкембари

Еурофарм Пелистер во Битола од 18 часот ќе го игра првиот меч од четвртфиналето за пласман на фајнл-фор завршницата во СЕХА-лигата. Тренерот на битолчани, Александар Јовиќ, побара на овој меч ракометарите да добијат поддршка од своите најверни навивачи, популарните Чкембари.

„Пред нас се два клучни месеца и треба максимално да се мобилизираме за да дојдеме до исполнување на нашата цел, а тоа е освојување на шампионската титула и Куп-трофејот. Немилите настани од Скопје оставија трага и мислам дека на мечот против Татран треба заеднички да се сплотиме. Сметам дека Пелистер плус Чкембари е еднакво на Битола. Затоа ги повикувам нашите навивачи да дојдат и да ни дадат поддршка и со позитивна атмосфера да го победиме Татран“, рече Јовиќ.

Чкембарите неодамна најавија дека нема да навиваат до крајот на сезоната откако имаа недоразбирање со челниците на клубот по немилите настани на дербито во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести