Пелистер е силен во финишот, со пресврт го победи Бутел

Лидерот во ракометното првенство, Еурофарм Пелистер, со многу мака успеа да го победи Бутел во дербито на 19-тото коло со 23:21 и да остане на врвот на табелата со 52 бода.

Бутел одигра одличен меч, но не успеа да го прекине проклетството со серија порази против битолчани.

Домаќините водеа со 16:13 во 43-тата минута, но Пелистер се врати во игра со серија од 4:1 и израмни на 17:17.

Бутел повторно поведе со два разлика, а финишот им припадна на гостите, кои направија нова серија од три гола разлика и победија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести