Пелистер и Вардар одиграа дерби за мерак: Голови, шанси, одлична атмосфера и на крај за секого по бод

Пелистер и Вардар ремизираа 2:2 во вечното македонско фудбалско дерби. Ова беше меч од 14 коло во Втора лига, што е прв пат да играат меѓусебе во второто по ранг натпреварување.

Двете екипи може да жалат што не победија. Пелистер затоа што имаше водство со 2:0, додека Вардар затоа што во 90 минута гостите ја погодија стативата и не поведоа со 3:2.

Пелистер водеше на полувреме со 2:0 благодарение на головите на Наумоски и Маневски, но тоа не значеше дека Вардар ќе се предаде. Црвено-црните заиграа многу подобро и тоа резултираше со два погодоци во мрежата на домаќините. Прво Христов намали на 1:2 во 63 минута, а потоа Маркоски израмни на 2:2.

Освен возбудувањата на теренот, одлична беше и атмосферата на трибините каде имаше над 2.500 домашни и околу 300 гостински фанови.

РЕЗУЛТАТИ ОД 14.КОЛО: ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР 2:2, КОЖУФ – ТЕТЕКС 4:1, АРСИМИ – БЕЛАСИЦА 2:0, ОХРИД – СЛОГА (В) 2:0, ДЕТОНИТ – ВОСКА 1:1, БОРЕЦ – ГОСТИВАР 0:2, КАРАОРМАН – БЕСА 0:0 и ПЕХЧЕВО – САСА 2:1.

Табела: Гостивар 34 бодови, Вардар 33, Воска Спорт 31, Пелистер 27, Детонит Плачковица 26, Охрид 25, Караорман 20, Беласица 19, Беса 18, Арсими 17, Кожуф 17, Локомотива 14, Саса 13, Слога Виница 10, Тетекс 7, Борец 0.

- Оглас -

Најнови вести