Пелистер ја освои бронзата во СЕХА лигата а Веспрем ја стигна „петката“ на Вардар

Македонскиот ракометен клуб, Пелистер го освои треттото место на Ф4 турнирот од СЕХА Лигата кој се одигра во Задар.

Нашиот тим со 27:24 го совлада Нексе во мечот за бронзата, а најефикасен беше Усама Хосни со шест постигнати погодоци.

Во финалето, пак до петтата круна стигна екипата на Веспрем која што го победи Загреб со 32:30.

Со овој триумф, унгарскиот тим стигна до петтата титула во СЕХА лигата, исто колку што и има Вардар и со тоа овие две екипи се најтрофејни во регионалната ракометна лига.

- Оглас -

Најнови вести