Пелистер како да е предодреден за неизвесни завршници: Пораз од Сутјеска во луд финиш

Кошаркарите на Пелистер не успеаја да стигнат до третата победа на АБА-2 турнирот во Нови Сад и загубија минимално со 79-78 од Сутјеска. Битолчани го имаа мечот во свои раце и напад за победа, но Најт не успеа да реализира и Пелистер го доживеа шесттиот пораз во второтолигашкото јадранско друштво.

Составот од Црна Гора доминираше во текот на целиот натпревар, но Пелистер го направи финишот интересен, откако најпрво израмни на 69-69, а потоа на две минути до крајот битолчани првпат на мечот дојдоа во водство од 73-74.

Сепак, кошаркарите на Пелистер не се снајдоа најдобро во финишот, но и спортската среќа им го сврте грбот, па поразот од Сутјеска е чекор назад во борбата за пласман во плеј-офот на АБА-2 лигата.

Битолчани со ефект од четири победи и шест порази се на делбата на осмата позиција на табелата со ист број на бодови како и Сутјеска и Цедевита јуниор. Пелистер борбата за влез најдобрата осумка ќе ја води на последниот балон-турнир во март, кој ќе се одржи во Широки Брег.

- Оглас -

Најнови вести