Еурофарм Пелистер нема да биде сам, Чкембарите заминаа во Белград (Видео)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер од 17.30 часот во Белград против Партизан ќе го имаат првиот натпревар во регионалната СЕХА-лига за оваа сезона, а на трибините во салата на СЦ Вождовац ќе ја имаат и поддршката од околу стотина навивачи.

Пелистерци се фаворити на овој меч, а присуството на Чкембарите треба да биде дополнителен плус.

Дел од навивачите на Е. Пелистер, кои со автобус заминаа кон Белград, се јавија од граничниот премин, а има и други битолчани кои заминаа со автомобили или од вчера веќе се во главниот град на Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести