Пелистер немаше милост кон Вардар, Феникс лесно помина на гости кај Охрид

Пелистер стигна до шестата победа сезонава во кошаркарското првенство откако убедливо со 116:74 го победи Вардар, за кого ова беше шести пораз во девет кола. Во сите четири четвртини, битолчани беа доминантни и откако поведоа со 31:18 по првите 10 минути, следуваше константно зголемување на предноста, иако во еден момент водеа и со 47 поени.

Центарот на домаќините, Андреј Маслинко беше најдобар на теренот со 26 поени, девет скока и четири асистенции, а одличен беше и Лука Стојановски кој заврши со 18 поени. Кај Вардар едиснтвен расположен за игра беше Андреј Атанасов со 16 поени.

Во вториот меч кој се играше денеска, Феникс 2010 ја оправда фаворитската улога на гости кај Охрид. Само во првите 10 минути домашниот тим даваше отпор кога резултатот беше 23:24.

На почетокот на втората четвртина гостите со фуриозна игра и серија од 17:2 стигнаа до убедливо водство од 41:25. Во продолжение на дуелот тимот од Скопје во ниту еден момент не му дозволи на домаќинот да се понадева дека може да направи изненадување.

За Феникс ова беше петта победа, додека Охрид останува последен со само една победа од девет средби.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести