Пелистер посакува победничка одјава од групната фаза во ЕХФ европската лига

Ракометарите на Еурофарм Пелистер од 18:45 часот ќе го дочекаат АЕК во последното коло од групата Д во ЕХФ европската лига.

Македонскиот претставник пред преполната сала „Боро Чурлевски“ посакува победа над грчкиот тим и на убав начин да се поздрави од групната фаза и да продолжи во елиминациите.

Пелистерци се второпласирани со 10 бода и само со победа ќе ја задржат таа позиција. Атињаните не се за потценување иако во првата средба на грчко тло, Битолчани се радуваа на победа од 30:27.

Коефициентот за победа на Пелистер е 1.40, додека за победа со три погодоци разлика на домаќините, Sport Life нуди квота од 1.90.

- Оглас -

Најнови вести