Пелистер за малку ќе направеше од готово – вересија, имаше предност од 19 поени, а победата ја завери на 2 секунди до крајот на мечот

Кошаркарите на Пелистер во возбудлива завршница успеаја со 77:75 да ја совладаа Сутјеска и да ја остварат шестата победа во регуларниот дел од сезоната во АБА 2 лигата.

Битолчани беа подобар тим во текот на целиот натпревар, на полувреме имаа предност од 15 поени (43:28), а со тројката на Карпентер на стартот од последната четвртина разликата беше и 19 поени (66:47), но и тоа не беше доволно за мирна завршница.

Противникот направи серија 0:10 и цели пет минути ги остави кошаркарите на Пелистер без поени, а во финишот со тројката на Вулевиќ и трите поени на Томашевиќ од линијата за слободни фрлања го израмни резултатот (75:75) на четири секунди до крајот.

Тренерот на Пелистер, Марјан Илиевски, повика тајмаут, а по него одговорноста ја презеде Андреј Маслинко, кој на две секунди до крајот беше фаулиран од Варајиќ.

Маслинко беше сигурен од линијата за слободни фрлања и ја завери победата на Пелистер.

Битолчани по девет кола во АБА2 лигата, имаат скор 6-3 и се наоѓаат на делба на четвртата позиција на табелата.
Кенет Карпентер беше најпрецизен кај Пелистер со 25 поени и 9 скока.

- Оглас -

Најнови вести