Пенал рулетот му даде шанса на ДР Конго, но на крајот се радуваше Јужна Африка

Репрезентацијата на Јужна Африка го освои третото место на Африканскиот куп на нации, откако во „малото“ финале, дури по подобро изведување на пенал се радуваше против ДР Конго.  Во текот на 90 минути како што може да се очекуваше, немаше погодоци. Двата тима повеќе внимаваа да не примат гол, отколку да гледаат да ја загрозат противничката мрежа.

Откако немаше погодоци во регуларниот дел, беше јасно дека победникот ќе се дознае по изведување на пенали. Уште во првата серија, во првиот удар промаши Мокоена за Јужна Африка. Потоа следуваа осум прецизно изведени пенали на двете страни, па кога дојде петата серија, Мбемба имаше шампионска шанса за ДР Конго.

Дефанзивецот на Олимпик Марсеј требаше да погоди и неговата селекција ќе беше континентален првак, но голманот на Јужна Африка одбрани и ја продолжи неизвесноста. Во шестата серија беа прецизни изведувачите од двата тима, а потоа беше клучната серија.

Јужна Африка даде гол за 6:5, а играчот за врска на Јанг Бојс, Елиа не го издржа притисокот и неговиот удар го одбрани Ронвен Вилијамс, па континенталната бронза оди кај Јужна Африка.

- Оглас -

Најнови вести