Драматичен беше мечот меѓу Челзи и Олимпик Лион во четвртфиналето на женската фудбалска лига на шампиони, а на крајот англискиот тим се радуваше на пласман во следната фаза.
Во регуларниот дел Лион имаше 1:0 на гости, резултат со кој Челзи победи на првата средба во Франција, па мораше да се играат дополнителни 30 минути. Лион поведе со 2:0 во 110 минута, а буквално во последните секунди од средбата беше досуден пенал за Челзи.
Хрватската судијка Ивана Мартинчиќ гледаше ВАР снимка кога реши дека треба да има пенал за домаќините и тоа во 120+8 минута. Фудбалерката на Челзи тргна да го изведува пеналот, а ниту една од другите кои беа на теренот не застанаа како што е стандардно околу шеснаесетникот. Многумина од гледачите беа збунети зошто главнито арбитар не дозволи останатите фудбалерки да се приближат, но одлуката беше правила.
Бидејќи се играше 120+8 минута, судијката одлучи дека шутот од пенал ќе биде последен на мечот, а потоа следи крај. Тоа значеше дека доколку е промашен пеналот, нема да има можност од одбиена топка да се постигне погодок или да продолжи акцијата. Едноставно по шутот од пеналот се суди крај.
За среќа на навивачите на Челзи, пеналот беше реализиран и со 1:2, англискиот тим стигна до вкупни 2:2 по двата меча и се избори за изведување на пенали, а таму беа подобри со 4:3 и се пласираа во следната фаза од елитното натпреварување на УЕФА.
Maren Mjelde. That’s the tweet #cfcwmatchday #uwcl pic.twitter.com/IzwLfslLlC
— Jonathan Easton (@eastjoneast) March 30, 2023

