Пеналот кој го реши Суперкупот требаше да биде повторен?!

Ливерпул го совлада Челзи на пенали во дуелот од европскиот Суперкуп во Истанбул. Лондонските сини утнаа само еднаш, а ако судијките ги применуваа правилата, тогаш клучниот шут во петтата серија кој Адријан му го одбрани на Абрахам требаше да биде повторен. Од снимките добро се гледа дека чуварот на мрежата на Ливерпул не стои на линијата со ниту едната нога и со тоа на нерегуларен начин си создаде предност и го одбрани пеналот.

На Челзи ќе му остане да жали за пропуштената шанса, Сините негодуваат дека при првиот гол на Ливерпул, Фирмино бил во позиција офсајд, се жалат и за престапот на Адријан во петтата серија, но враќање нема, трофејот отиде во витрините на Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести