Пензионер во Англија може да банкротира поради еден премиерлигаш

Пензионерот Питер Дејвис се најде во големи проблеми поради премиерлигашот Вулверхемптон. Човекот кој тврдеше дека е креаторот на сегашното лого на Вулверхемптон, го загуби судскиот спор, откако Врховниот суд одлучи дека пензионерот не е во право.

Дејвис велеше дека уште во 60-тите години на минатиот век го дизајнирал логото на Вулверхемптон, а во 1979 година го забележал својот дизајн на новиот дрес на англискиот клуб. Во 2016 година пензионерот решил да го заштити логото со авторски права, но тоа било предоцна.

Откако го загуби судскиот спор, Дејвис сега мора да ги плати судските трошоци, кои се неверојатно високи и изнесуваат 250.000 фунти, пари кои пензионерот ги нема.

„Ова ми е само доказ дека не треба да се верува во системот. Уметниците мораат да бидат многу внимателни и да ги заштитуваат своите творби“, рече разочараниот пензионер Питер.

- Оглас -

Најнови вести