Пеп добива огромно засилување во пресрет на дербито против Арсенал

Серхио Агуеро ќе биде во комбинација за настап во дербито меѓу Манчестер сити и Арсенал предвидено за утре. Аргентинскиот голгетер закрепна по операцијата на менискусот и ќе биде во можност да се врати на терените првпат по продолжувањето на минатата сезона по пандемијата со корона-вирусот.

Враќањето на Агуеро е огромно засилување за Гвардиола откако неговата екипа тргна со топло-ладна форма во новото издание од Премиер лигата. Искуството на клупскиот рекордер по бројот на погодоци многу ќе му значи на шпанскиот стратег во дуелот против разиграните Топчии ако се знае дека има 11 гола во 15 средби против тимот од „Емирати“.

Агуеро најверојатно ќе чека шанса од клупата, со оглед на тоа дека повеќе од три месеци не одиграл натпревар. Дербито Манчестер сити – Арсенал е закажано за утре, во 18:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести