Пеп го поддржува Оле: Тој е вистинскиот човек за Јунајтед

Оле Гунар Солскјер за денес ќе има тешка задача да го пронајде вистинскиот рецепт да се пречи доминацијата на Манчестер сити на „Олд трафорд“. Во лигашки Граѓаните ги добија сите дуели против градскиот ривал откако Пеп Гвардиола го предводи актуелниот англиски првак, па затоа се очекува дербито да биде возбудливо и драматично.

Во пресрет на овој меч, Пеп Гвардиола изрази поддршка до менаџерот на Јунајтед и тврди дека одлично си ја врши работата, иако тимот не ги остварува очекуваните резултати оваа сезона.

„Не сум таму, не сум дел од Јунајтед за да знам што се случува, но имам чувство дека управата му верува на Солскјер. Сметам дека одлично си ја врши работата, потребно е само да му се даде време и да се има трпение за да се остварат посакуваните резултати. Клубовите често знаат да ги отпуштаат тренерите кога резултатите не се одвиваат според планот, но не секогаш тактиката и замислата на стратезите се виновни. Мора да се има комуникација со играчите, поддршката од соблекувалната има големо значење за секој тренер“, истакна Гвардиола.

Дербито од 29-тото коло во Премиер лигата е предвидено за 17:30 часот – Сити моментално се втори на табелата со 57 бода, додека Јунајтед стои на седмото место со 42 бода.

- Оглас -

Најнови вести