Пеп Гвардиола го испофали Дејвид Мојс, и го спореди со Буда

Менаџерот на Манчестер сити, изјави сонува да ја има смиреноста во стилот на „Буда“ која ја поседува колегата Дејвид Мојс против кого ќе се надмудруваат денеска на мечот од Премиерлигата помеѓу Сити и Вест Хем.

Мојс имаше лоши тренерски епизоди во Манчестер јунајтед, Реал Сосиедад и Сандерленд, но со лондонски Чекани има добри резултати и ги надмина очекувањата.

„Обожувам ликови како Мојс или Рој Хоџсон. Имаат неверојатно долги кариери, а ми се допаѓа што иако долго работат, уште ја имаат пасијата и добро си ја вршат работата. Сезонава покажува каков тренер е Мојс, неговиот начин на сфаќање на фудбалот е перфектен. Би сакал еден ден да бидам како него, сè да ми биде мирно. Тој живее како Буда: и во добро и лошо, секогаш е смирен. Нема да го заборавам мојот прв меч во Премиерлигата против Сандерленд. Мојс беше тренер на Сандерленд и беше многу фин со мене, ми даде некои совети околу Премиерлигата. Ќе ни биде тешко, сите фаворити имаа проблем со Вест Хем“ – изјави Гвардиола.

Ако Граѓаните од Манчестер победат, ќе имаат серија од 20 победи по ред во сите натпреварувања. Вест Хем е четврти на табелата, а есеноска во октомври, Сити на гостувањето во Лондон против Вест Хем не успеа да победи, средбата заврши 1-1.

- Оглас -

Најнови вести