Пеп Гвардиола најави дека на секој меч ќе прави по пет измени

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, изјави дека редовно ќе ја користи можноста да прави по пет измени на секој натпревар до крајот на сезонава во Премиер лигата затоа што сака да ги заштити своите фудбалери од повреди.

Вечерва Граѓаните ќе го пречекаат Арсенал во еден од првите мечеви по рестартирањето на сезоната во Премиер лигата по пауза поголема од три месеци.

„Ќе го користам правилото за пет измени. Не знам колку минути ќе добијат резервите, но тие со сигурност ќе играат. Ова е единствен начин да ги заштитиме играчите во следните два до два и пол месеци. Кога ќе стигнеме до финалната фаза од Лигата на шампионите во август, единствениот начин да ги избегнеме повредите е да правиме ротација на сите играчи”, вели Гвардиола, чиј тим нема реална шанса да ја одбрани титулата во Англија, па мисли на ЛШ, каде што е блиску до четвртфиналето.

Гвардиола вели дека на почеток ќе им биде чудно да играат без публика, но ќе се навикнат откако ќе одиграат два-три меча во вакви необични услови.

do_widget id=custom_html-5]

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести