Пеп изненадува: Замената за Агуеро ќе биде играчот кој воскресна како Светец?

Манчестер сити во текот на летниот преоден рок ќе мора да најде замена за Серхио Агуеро, кој си заминува како слободен играч и воедно е блиску до потпис со Барселона. Приоритети на Гвардиола се Хари Кејн и Ерлинг Халанд, за кои со сигурност ќе треба да издвои повеќе од 100 милиони евра.

За Граѓаните таа сума не е проблем, но прашањето е дали ќе успејат да убедат еден од споменатите голгетери да го облече светло синиот дрес. Доколку не дојде до тоа, алтернативното решение е пронајдено во Саутхемптон. Сити наводно ќе се обиде да го ангажира Дени Ингс, повремениот англиски репрезентативец кој ја поврати формата откако ја задолжи опремата на Светците.

Ингс минатата сезона беше трет најдобар стрелец во Премиер лигата со 22 погодоци, исто колку што имаше и Обамејанг, а само еден гол помалку од освојувачот на Златната копачка, Џејми Варди. Оваа сезона не е толку ефиксен, има само осум лигашки гола, но 29-годишниот Ингс покажа дека има квалитет да игра за подобра екипа.

Евентуален трансфер на „Етихад“ ќе му биде како добиена втора шанса да ја збогати кариерата со трофеи, откако првиот обид во Ливерпул му беше неуспешен поради двете тешки повреди на колената во 2016 и 2017 година, поради кои Ингс пропушти две сезони и немаше време да се докаже меѓу Црвените.

- Оглас -

Најнови вести