Пеп лично го гледаше талентот на Динамо и веднаш го стави на листата желби

Дани Олмо, кретивниот офанзивец на Димано Загреб, ги брои последните денови како член на хрватскиот гигант. За неговите услуги неколку европски гиганти буквално се тепаат, а последниот клуб кој влезе во трката за потписот на Шпанецот е Манчестер сити.

Пеп Гвардиола ја почувстува опасноста од Олмо на своја кожа кога неговиот Сити се пресмета со Динамо во Лигата на шампионите сезонава. Не само на тие средби, Олмо редовно прикажува одлични изданија и несомнено се работи за талент од светски рамки. Новопечениот шпански репрезентативец и изминатово лето имаше прилика да ја напушти хрватската метропола, меѓутоа ниту еден од заинтересираните клубови не сакаа да издвојат 40 милиони евра, колку што бара Динамо.

Но, очигледно е дека за помала сума Модрите нема да го пуштат да си замине, а знаејќи дека парите не се проблем за богатиот Сити, овој евентуален трансфер и не е толку далеку од остварување. Покрај Граѓаните, интерес за Олмо има и од Баерн Минхен, како и од калчолигашите Рома и Милан.

 

- Оглас -

Најнови вести