Пеп му симна капа на рекордерот на Сити: Какво играчиште, заљубен сум во него (видео)

Веќе нема дилеми дека Манчестер сити ќе завладее со фудбалска Англија, а дали ќе биде тоа утре по дербито меѓу Јунајтед и Ливерпул, или пак идниот викенд, не е толку важно.

Победата од 2-0 на гостувањето кај Кристал палас ја најави Серхио Агуеро, кој реализира првенствен гол по речиси два месеци пауза. Во тој момент, Агуеро покажа со прстот кон Гвардиола, а овој пак направи гест како да му симнува капа на рекордерот на Граѓаните по бројот на погодоци.

https://twitter.com/cityreport_/status/1388491766807023618

„Какво играчиште, каков гол, заљубен сум во него. Ќе ужива со нас во последните месеци од неговиот договор“, изјави Гвардиола по мечот.

Инаку е познато дека Агуеро ќе го напушти англискиот првак во најава по крајот на сезоната, а неговата иднина уште е неизвесна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести