Перес е господар на уличните трки, го победи Ферстапен во Баку (Фото)

Серхио Перес е победник на уличната трка за ГН на Азербејџан, која денес се одржа во Баку. Тој успеа да го победи клупскиот колега Ферстапен, откако го презеде водството во 11-тиот круг и успеа да оддолее до крајот на трката.

Клупскиот колега од Ред Бул, Ферстепен откако влезе во боксот, се врати на седмата позиција, но на крајот мораше да се задоволи само со втората позиција. Пласман на подиумот обезбеди и Леклер од Ферари, кој трката ја започна од пол-позицијата.

https://twitter.com/F1/status/1652654690520248320?s=20

Во топ 10 со поени на оваа трка завршија уште и Алонсо, Сајнц, Хамилтон, Строл, Расел, Норис и Цунода.

Во генералниот пласман во водство е Ферстапен со 93 поени, пред клупскиот колега Перес со 87. Третата позиција е за Алонсо со 60 бодови.

- Оглас -

Најнови вести