Перес има нов фаворит за наследник на Анчелоти, тоа е Шпанецот кој прави чуда со Арсенал

Тензиите на релација претседател Флорентино Перез и тренер Карло Анчелоти, најверојатно ќе бидат кобни за Италијанецот доколку не освои титула сезонава, а првиот човек на Кралевите веќе го пикира неговиот наследник.

Шпанскиот новинар Томас Гонзалес-Мартин, тврди дека актуелниот менаџер на Арсенал, Микел Артета, е новиот фаворит на Перес за кралската клупа.

Шпанецот сезонава прави чуда со Арсенал, Топчиите се лидери во Премиер лигата со 63 бода, пет повеќе од Манчестер сити и поради тоа не е чудно што Перес почна да се распрашува за можноста да го откупи неговиот договор.

Перес му е лут на Анчелоти бидејќи се уште игра со ветерените Тони Крос и Карло Анчелоти, а не им дава шанса на младите играчи како Чуамени, Камавинга, Асенсио, Себалјос кои се погласно негодуваат во соблекувалната поради тактиката на тренерот.

Перес смета дека младите фудбалери треба да ја имаат главната улога, дека се доволно квалитетни и се подготвени да ги заменат ветераните и во Артета го гледа идеалниот човек кој ги би водел од следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести