Перес не мирува – Додека се чека Мбапе, Реал го продолжи договорот со Каземиро (Фото)

Флорентино Перес не мирува и додека се чека џек-потот во летниот преоден рок, односно ангажманот на Килијан Мбапе, веќе се договори со Карлос Енрике Каземиро да го продолжи договорот со Реал Мадрид.

Каземиро, које еден од клучните играчи во средниот ред на Реал Мадрид потпиша договор до 2025 година и ќе игра уште четири сезони за најтрофејниот европски и шпански клуб.

https://twitter.com/realmadriden/status/1431224468513374215?s=20

Каземиро долго е во Реал Мадрид, пристигна во 2013 година од Сао Пауло, а само една сезона не играше за клубот, откако во 2014 година беше позајмен во Порто.

 

 

- Оглас -

Најнови вести