Перфектно прво полувреме на кошаркарите

Кошаркарската репрезентација на Македонија ја делат 20 минути од победа над Норвешка и пласман во главните квалификации за Европското првенство 2025 година. Кошаркарите во првото полувреме од последното коло во претквалификациите, имаат 19 поени предност на гостувањето кај Норвешка 26:45.

Избраниците на селекторот Александар Јончевски, фуриозно го започнаа натпреварот, веднаш дојдоа до двоцифреа предност (6:16) и во одличен ритам ја завршија првата четвртина (12:24). Таму каде што застанаа во првата, продолжија во втората четвртина, одиграа одлично и во напад и во одбрана и на одмор заминаа со плус 19 (26:45).

Шортс со 16 поени беше најпрецизен во првото полувреме, а Стојановски даде 11 поени.

- Оглас -

Најнови вести