Перишиќ е херој на Интер кој со два пенали по продолженија го победи Јувентус и дојде до трофејот во Копа Италија

Интер успеа да го освои трофејот во Копа Италија откако по 120 минути игра го совлада Јувентус со 4:2.

Откако во регуларните 90 минути резултатот на семафорот на „Олимпико“ беше 2:2, Иван Перишиќ беше херојот за Нераѕурите во дополнителното време.

Најпрвин тој го реализира и вториот пенал за Интер, и тоа во 98-мата минута, а потоа и четири минути подоцна постигна убав гол, со што ги оттргна сите дилеми околу победникот.

Следуваше голема мешаница по којашто тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, доби црвен картон и мораше да замине на трибините, а тоа не му пречеше на Интер да дојде до нова победа во финале над Јуве, откако во јануари беше подобар во Супер купот.

За Интер ова е осма титула во Италијанскиот куп, а одличната сезона можат да ја крунисаат и со наслов во Серија А, каде што водат голема битка со Милан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести