Песната на „канаринците“ не е популарна во „Морача“

Будуќност успеа да го запише шестиот триумф сезонава во Евролигата совладувајќи ги Гран Канарија со конечни 75:70. Црногорците влегоа во победнички ритам во контитенталниот шампионат, ја нанижаа третата победа, додека сите шест победи ги забележаа на домашен терен.

Гостите дури во вториот период за првпат поведоа на средбата во „Морача“, па со минимални два поени разлика заминаа на паузата. Предноста ја држеа до првите неколку минути од третата четвртина, а потоа Будуќност ја презеде контролата на топката и самиот финиш ја задржа тешко изборената предност.

Одново во улога на лидер, Норис Кол заврши со 20 поени за Будуќност, а во својот учинок додаде и пет скока и исто толку асистенции. Кај поразените најрасположен беше Вене со 16 поени.

- Оглас -

Најнови вести