Песната на Канаринците не ја бендиса шампионот (видео)

Норич го приреди најголемото изненадување во петтото коло во Премиер лигата, совладувајќи го актуелниот првак Манчестер сити со конечни 3-2. Песната на Канаринците ечеше до последниот свиреж на „Кероу роуд“, а фудбалерите на Пеп Гвардиола првпат сезонава делуваа немоќно во еден првенствен меч.

Меклин и Кантвел ја најавија забавата со погодоците во 18-тата и 28-та минута, а Агуеро им донесе надеж на Граѓаните дека може да се вратат во овој дуел кога во 45-тата минута стрелаше за 2-1. Но, наместо инвазијата пред голот на Крул да вроди со плод, Норич одлучи да го дотолчи шампионот, а финскиот голгетер Тиму Пуки ја продолжи извонредната форма непосредно по стартот на вториот дел, кога зголеми на 3-1.

Гостите до крајот притискаа да се спасат од разочарување, но најмногу што успеаја е да намалат на 3-2 преку првенецот на Родри во 88-та минута.

Првиот пораз за Сити го оддалечи од лидерот Ливерпул на врвот на табелата за пет бода, додека Норич го запиша вториот овосезонски триумф и направи подвиг на табелата до 12-тото место.

https://twitter.com/VideoGooll/status/1172918615890386944

https://twitter.com/VideoGooll/status/1172923629312589825

- Оглас -

Најнови вести