Пет атрактивни дуели носат вкупна квота речиси 50

Пет натпревари со интересни комбинации, кои доколку се одиграат заедно на еден тикет, може да ви донесат вкупен коефициент од 48.95, е денешната понуда од Квоти на ден во Sport Life.

Макаби Хаифа не треба да има проблеми против имењакот од Бнеи, па тука може да очекуваме победа на домаќините и барем по еден погодок во двете полувремиња, за да биде добитна комбинацијата со квота од 2.15.

Челзи не треба да се мачи многу против Кристал палас и на крајот домаќините треба да победат во дуел на кој ќе има од 2 до 5 погодоци. Коефициентот за ова е 2.30.

Андерлехт и Серкл Бриж се очекува да одиграат средба со погодоци во двете мрежи и во двете полувремиња, а оваа комбинација се вреднува со коефициент од 2.25.

Голови во двете полувремиња, но не повеќе од три, треба да има и на Абердин – Модервел. За оваа полуларна игра, квотата е 2.00.

Новокрунисаниот светски клупски првак Манчестер сити ќе гостува кај Евертон и Граѓаните треба да постигнат најмалку еден погодок во првото полувреме, а на крајот од средбата минимум двапати да се радуваат на погодок. Квотата за оваа комбинација е 2.20.

- Оглас -

Најнови вести