Пет години беше Топчија, но сепак е Лав во душата, Лаказет се врати дома! (Фото)

Александр Лаказет го напушти лондонскиот Арсенал, во којшто играше пет години, и се врати во својот Лион, за кого настапуваше пред трансферот во Англија.

Лаказет е роден во Лион, матичен клуб му е Лион, во којшто дојде како 12-годишен, а во дресот на Лавовите на 275 меча даде 129 гола. Во Арсенал противничката мрежа ја затресе 71 пат на нмалку повеќе од 200 средби.

Популарниот Лака, кој има 31 година, со Лион потпиша договор до летото 2025 година.

- Оглас -

Најнови вести