Kои се пеколните мечеви што директно решаваат кој тим ќе ја помине групната фаза од Лигата на Европа?

Со денешните мечеви од последното коло во Лигата на Европа ќе се комплетираат возбудувањата за 2020 година во двете елитни натпреварувања на УЕФА. Уште само шест меча се останати слободни за екипите кои треба да презимат во второто по ранг натпреварување на Стариот Континент.

Според мечевите кои се играат, вечерва ќе има дури пет натпревари кои директно ќе решаваат за патникот во нокаут-фазата и тие сигурно ќе бидат посебно примамливи за обложување.

Во А групата, Јанг бојс на свој терен го пречекува Клуж, а пресметката е едноставна. На домаќините им е потребно победа затоа што Клуж моментно е со два бода повеќе на второто место во однос на денешниот ривал. Доколку Романците успеат да останат непоразени, за Јанг бојс ќе заврши европската авантура за оваа сезона.

Во Б групата, Молде има три бода повеќе од Рапид, но не е сигурен. Рапид вечерва во Виена ќе брка триумф за да се израмни по бројот на бодовите, но тука ќе се гледа и кој ќе биде конечниот резултат. На домаќините ќе им биде доволно победа од 1:0, колку што Молде славеше во нивниот прв меч, затоа што Рапид ќе има подобра вкупна гол-разлика. Сепак, ако Рапид победи со еден гол-разлика, а гостите постигнат погодок, тогаш Молде ќе се радува на крајот.

Во Ф групата е најкомплицирано. Наполи (10 бодови), Реал Сосеидад (8 бодови) и АЗ Алкмар (8 бодови) се борат за двете први места. За АЗ Алкмар ситуацијата е јасна. Ако Холанѓаните победат на гостувањето кај отпишаната Риека, сигурно се во нокаут-фазата. Сепак, ако одиграат нерешено, ќе мора да го чекаат исходот од мечот во Неапол меѓу Наполи и Сосиедад.

На Наполи доволно му е да не загуби на свој терен, но во случај Сосиедад да победи, а трите бода да ги освои и АЗ Алкмар, италијанскиот тим може да испадне.

Во И групата, Макаби во Тел Авив е домаќин на Сиваспор, а Израелците се во подобра ситуација. Макаби има два бода повеќе од турскиот тим, па доволно е дома да не загуби за да ја задржи втората позиција.

Во К групата, Волфсбергер е во пол-позиција против Феенорд. Австријците играат дома, а имаат два бода повеќе од холандскиот тим. Тоа значи дека Волфсбергер и со еден освоен бод ќе ја задржи позицијата која им носи европска пролет во Лигата на Европа.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести