Пет по ред за Торонто

На НХЛ тимот од Торонто, добро му дојде паузата од пет дена, па релативно лесно дојде до победата над Колумбус, кој играше втора вечер по ред. Џон Таварес даде два гола, а резервниот голман Гарет Спаркс имаше 27 одбрани, и беа најзаслужните за победата. Патрик Марло од Мејпл лифс го одигра својот 1.613-ти меч во НХЛ кариерата, со што се искачи на 10-тото место на вечната листа. Екипата од Торонто има пет победи по ред, а за Блу џекетс заврши низата од пет триумфи едноподруго.

„Сенаторите“ од Отава примија шест гола на гостувањето кај Њујорк ајландерс од кои пет по ред, после водството на гостите од 3-1, а Метју Барзал имаше два гола и асистенција, како играч на мечот. „Островјаните“ имаат пет победи на последните шест меча.

Ефикасно беше и во Флорида, каде што гостите од Канада, предводени од Томас Татар дадоа пет гола. Канадиенс имаат три победи по ред.

РЕЗУЛТАТИ: Колумбус – Торонто 2:4, Флорида – Монтреал 3:5, Њујорк ајландерс – Отава 6:3.

- Оглас -

Најнови вести