Петкратната олимписка шампионка тренира во када (Видео)

Кога спортот во речиси целиот свет е „замрзнат“, а забрането е излегување од дома, спортистите најчесто во домашни услови се обидуваат да ја задржат формата. Фудбалерите веќе ги видовме како ги покажуваат своите способности во домашни услови, атлетичарите трчаат околу собите и на балконите, кошаркарите вежбаат, но што е со оние кои им е потребен базен за своите спортски активности.

Една од најдобрите спортистки во синхронизирано пливање, Светлана Ромашина, покажа како може да се вежба во домашни услови. Русинката во својата кариера досега била петкратна олимписка шампионка, а има и 21 златни медали од Светски првенства, како и 10 најсјајни одличја од Европски шампионати. Во услови кога мора да се биде дома, Светлана покажа како тренира во када.

- Оглас -

Најнови вести